Tuesday, May 17, 2011

Македонија, или официјално Република Македонија, е држава сместена на Балканскиот полуостров. Земјата е една од следбеничките држави на поранешната Југославија, од која прогласи независност во 1991 година. Република Македонија зафаќа околу 38% од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија  на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако континетална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2,000 метри.
Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Главен град на државата е Скопје со население од 506,926 граѓани (проценка за 2004 год.). Други поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп,Тетово, Охрид, Велес,Штип, Кочани, Гостивар и Струмица. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат околу 2.114.550 жители (проценка за 2009 год.), од кои мнозинството се Македонци. Официјален јазик е македонскиот јазик, додека официјална валута е македонскиот денар.
Во 1993 година, Македонија стана членка на Обединетите Нации, но поради спорот со името кој го води со Република Грција, примена е под името Поранешна Југословенска Република Македонија. Македонија е членка и на советот на Европа. Од декември 2005 година исто така е и кандидат за приклучување кон Европската Унија и има аплицирано за приклучување кон НАТО.

No comments:

Post a Comment